ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 9:44 AM

„Беса транс“ е компанија регистрирана во Ќустендил, сопственик е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло

Компанијата „Беса транс“ чиј автобус изгоре во сообраќајна несреќа на автопатот Струма во Бугарија, е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми, повикувајќи се на проверката направена во Трговскиот регистар.
Оваа туристичка агенција функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Северна Македонија.
„Не можам да ви дадам информација. Не знам ништо, изјавиле од компанијата за бугарските „24 часа“.

Неколкумина полицајци го обезбедуваат седиштето на туристичката агенција „Беса Транс“ што се наоѓа во близина на Старата чаршија во Скопје. Пред агенцијата се собраа граѓани, роднини на дел од патниците кои се превезувале во некои од останатите автобуси на „Беса транс“, чекајќи подетални информации за нивната состојба. Дел од нив велат дека не можат телефонски да ги добијат нивните роднини.

Агенцијата моментално е заклучена и се чека на дел од менаџментот да пристигне на работа.

(МИА)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1