ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 9:23 AM

Меѓу преживеаните има граѓанин од Прешево и еден со белгиско државјанство

Пред болницата во Софија пред малку изјава за медиумите даде премиерот Заев.

– Биле четири автобуси, од кои трите веќе се вратени во Македонија. Јас ќе оставам на експертите од бугарското обвинителство да ги истражат причините. Нашите граѓани кои се живи, фала му на господ, имаат свои впечатоци како тоа се случило, но кога ние политичарите ќе почнеме тоа да го кажуваме, ќе биде проблем.

Кога настанале пламенот и несреќата, на задните седиште успеале да го скршат прозорецот и така да се спасат тие седум луѓе. Членови на нивните семејства се тука, имаа можност да си ги видат своите роднини и да разговараат со нив.

Прво ќе се видам со премиерот Стефан Јанев,  во 3.30 часот ми се јави тој, а потоа и претседателот Румен Радев. Посветени се на истрагата и ќе можам после оваа посета директно да бидам информиран од премиерот.

Сите се граѓани од Северна Македонија, имаше еден граѓанин од Прешево кој со девојката од Куманово биле на прошетка во Истанбул, а видовме во листата дека има и едно белгиско државјанство. Фирмата се заминава со туризам, се вика „Беса Транс“ од Скопје која често возела на релација Скопје-Истанбул – истакна премиерот.

Министерот за здравство, Венко Филипче рече дека сите патници кои преживеаја, се во стабилна состојба.

-Сите седум пациенти во болницата се во стабилна состојба, со полесни повреди, кои се санирани од бугарските колеги. Има само еден пациент кој има скршеница и треба дополнителни анализи. Во болница има  повеќе членови на едно семејство, има девојка на 16 години, а останатите се се околу 40-50 годишна возраст, рече министерот Филипче.

Фото: Фејсбук

 

 

 

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1