ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/23/21 7:45 AM

Преживеаните се со тешки изгорници на лицето и градниот кош, контактибилни но шокирани

Преживеаните седум патници од македонскиот автобус што се запали ноќеска во Бугарија се пренесени во болницата Пиргов во Софија, со тешки изгореници. Најмладиот преживеан има 17 години. Според извештаите на бугарските медиуми од болницата, пациентите се донесени со тешки изгореници на лицето, рацете и градниот кош. Иако се контактибилни, тие се шокирани.

Во болницата пристигнал и претставник на македонската амбасада во Софија, кој кажал дека се’ уште не разговарал со преживеаните.

Во изгорениот автобус има 46 починати, 45 македонски државјанин и еден белгиски, Бугарското национално радио пренесе изјава на Владимир Крстевски, претставник на македонската амбасада. Имало 53 патници, кои патувале од Истанбул кон Скопје.

Од пожарната служба потврдија дека меѓу починатите се и двајцата возачи.

Техничка грешка или човечка грешка се двете причини што првично се споменуваат.

 

фото:ФБ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1