ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 7:59 PM

Детето е во многу, многу тешка состојба, велат од Клиничка болница-Битола по утринската сообраќајка

Сообраќајната незгода што утрово се случи во Битола предизвика трагедија во семејство, во кое полесно е повредена мајката, додека двете деца се со тешки телесни повреди, но, за жал, помалото, кое има само две години се бори за живот.

ММС ја контактираше  Клиничкате болница во Битола велат, кои, за жал ни потврдија дека едното дете е во многу тешка состојба.

-Двегодишнотото дете повредено во несреќата има тешки телесни повреди. Беше хоспитализирано на интензивното одделение во Клиничката болница во Битола, но заради сериозноста на повредите попладнево е транспортирано на клиниката за детска хирургија во многу, многу тешка состојба. Петгодишното дете има тешки телесни повреди, се наоѓа на неврохирургија, но е во стабилна состојба. Мајката, пак, е амбулантски прегледана и не е хоспитализирана,  рекоа за ММС од Клиничка болница- Битола, не сакајќи да ни одговорат за какви повреди станува збор и дали има шанси да се спаси.

Незгодата се случила утрово околу 08.06 часот во населба „Карпош” во Битола, во непосредна близина на ОУ „Коле Канински”, каде од досега непознати причини се судриле моторно возило и работна машина, односно локомотива.

Извор за ММС од поилиција рекоа дека во автомобилот биле мајката (35) со двете деца, кои седеле назад а локомотивата се движела во правец од Богомила кон Битола. Локомотоивата го влечела автомобилот 10тина метри, а турнат е и столбот на едната рампа од железничкиот премин.

Маја Богоевска

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1