ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 6:59 PM

Два дена слободни по вакцина и ПЦР тест на сметка на државата – Предлози на состанокот на министерот Филипче и синдикатот

После состанокот на министерот за здравство Венко Филипче и претставници на Сојузот на синдикати, министерот изјави дека за сите предлози на синдикатот ќе се дискутира на утрешната седница на Владата.

-Разговаравме за некои нивни предлози, тоа што го побараа претставниците од синдикатот, ќе биде разгледано утре на седницата на Владата, мерката од моментот на донесување важи после 15 денови за едукација на членството во синдикатите, да бидат дадени два слободни платени денови на денот на вакцинација и следниот ден, и последното барање е оние кои што не сакаат да се вакцинираат и ПЦР тестот кој треба да се прави да не биде на сопствен трошок, туку на сметка на работодавачите. За сите овие предлози ќе дискутираме на утрешната седница на Владата, рече министерот Филипче.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1