ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 4:15 PM

Едно дете се бори за живот, другото тешко повредено – Во Битола се судриле моторно возило и локомотива

Во железничка сообраќајна несреќа во Битола тешко повредени се две деца, а нивната мајка се здобила со лесни телесни повреди.

Незгодата, како што потврдија за МИА од Железници на РСМ, се случила околу 08.06 часот изутрината во градското подрачје во населба „Карпош”, во непосредна близина на ОУ „Коле Канински” во овој град, каде од досега непознати причини се судриле моторно возило и локомотива.

Во железничката сообраќајна несреќа повредени се децата на возраст од 2 и 5 години кои биле хоспитализирани во Клиничка болница-Битола, но здравствените власти посочуваат дека двегодишното дете ќе биде транспортирано на клиниките во Скопје.

СВР-Битола поведе истрага за овој случај.

 

МИА

фото: МИА

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1