ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 4:03 PM

Две рачни бомби и куршуми пронајдени во нива во тетовско Шемшово

Во нива во тетовското село Шемшово пронајдени се две рачни бомби и три куршуми калибар 12,5 милиметри, информираат од МВР, експлозивните направи подигнати се од страна на претставник на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Вчера во 12.30 часот во СВР Тетово, С.Ј.(58) од тетовско Шемшово пријавил дека во неговата нива во месноста „Леска”, во атарот на ова село, пронашол две рачни бомби и три куршуми калибар 12,5 милиметри. Извршен е увид, а пронајдените експлозивни средства се безбедно подигнати од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување“, стои во дневниот билтен на МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1