ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 3:36 PM

Поради прекумерен апетит и прејадување има забрана за влез во кинески ресторан

На Кангу, кинески државјанин, му е забранет влез во ресторан со морска храна во Кина, каде што гостите можат да јадат колку што сакаат поради прекумерен апетит и прејадување.

Имено, при една од посетите во ресторанот изел четири килограми ракчиња и испил 20 шишиња млеко, пишува Independent.

Еден посетител на ресторанот, познат само како г-дин Канг, се занимава со пренос во живо, изјави за локалните медиуми дека му бил забранет пристапот до ресторанот за морска храна на скара „Handadi Seafood BBQ“ во Чангша, кој има концепт „јади колку што ти можеш”.

Тој тврди дека ресторанот ги дискриминира гостите кои можат многу да јадат. Од друга страна, сопственикот на ресторанот рекол дека губи неколку стотици јуани секој пат кога Кангу јаде во неговиот ресторан.

„Дури и кога пие млеко од соја, а може да испие 20 или 30 шишиња. За ракчиња, додека луѓето обично користат клешти, тој користи послужавник. Сите такви луѓе ќе бидат на списокот на несакани гости“, изјави сопственикот на ресторанот.

Преземено од: https://nova.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1