ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 3:15 PM

Се повеќе Американци не сакаат воопшто да имаат деца

Сè поголем дел од Американците велат дека веројатно нема да имаат деца, покажало новото истражување на Центарот Пју. Според податоците од ова најново истражување, 44 отсто од сегашните не-родители на возраст меѓу 18 и 49 години изјавиле дека најверојатно нема да имаат деца еден ден, што е зголемување во споредба со одгворите на 37 отсто од испитаниците во 2018 година.

Само 26 отсто од луѓето во таа група рекле дека е „многу веројатно“ дека еден ден ќе имаат деца, што е намалување во споредба со 32 отсто во 2018 година. Педесет и четири проценти од луѓето кои веќе се родители рекле дека веројатно нема да имаат повеќе деца. Оваа бројка е релативно слична на онаа каде што овој процент изнесуваше 51 процент во 2018 година.

Истражувањето доаѓа во моментот кога стапката на наталитет во САД падна на особено ниско ниво за време на ковид пандемијата. Бирото за попис на САД соопшти дека би се очекувало пад во текот на зимата, сезоната кога стапката на наталитет е обично најниска, но истакна дека бројот на раѓања во текот на зимата 2020-2021 година бил „невообичаено низок“.

Во исто време, од Бирото додаваа дека раѓањата во САД се намалуваат секоја година од 2008 година наваму, со исклучок на 2014 година.

Истражувањето на Пју е спроведено меѓу 18 и 24 октомври годинава. Вклучуваше 3.866 возрасни Американци на возраст од 18 до 49 години. Тој примерок беше дел од поголема анкета на 9.676 испитаници, која имаше маргина на грешка од плус или минус 1,6 процентни поени.

извор: Kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1