ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 2:51 PM

Направи будала од себе – Таткото на Меган Маркл бара да и се укине титулата

Додека на некои им беше мило да го видат другото лице на војвотката, повесело и поопуштено, други ја критикуваа, сметајќи дека таквото однесување не доликува на нејзиниот статус.

Телевизиското интервју на Меган Маркл со водителката и комичарка Елен Деџенерис во емисијата „The Ellen Show“ ја изненади јавноста.

Тоа беше нејзино второ интервју за американските медиуми откако таа и нејзиниот сопруг принцот Хари се откажаа од кралските должности и почнаа да живеат во Калифорнија.

Нејзиниот татко Томас Маркл не остана имун на последната посета на војвотката од Сасекс.

– Тоа беше глупава шега. Таа направи целосна будала од себе и треба да ја загуби титулата. Ја сакам ќерка ми, но нејзиниот настап беше смешен. Со тоа ја навреди кралицата Елизабета Втора, кралското семејство и британскиот народ – изјавил нејзиниот татко Томас Маркл за британските медиуми.

Овој пат тонот на интервјуто, за разлика од гостувањето кај славната Опра Винфри, беше сосема поинаков.

Меган танцуваше, пиеше млеко, беше одлично расположена и се појави сама, без принцот Хари. Многумина сметаат дека ваквото однесување не и прилега на војвотката од Сасекс, а главен критичар очекувано е нејзиниот татко Томас, кому особено не му се допаднал делот со скриената камера каде Меган на шега комуницирала со продавачите.

Го проба чипсот од штандот, односно грицкаше како верверица, а од чантата извади шише млеко и се напи од него. Покрај тоа, таа кажала и шега.

Инаку, Меган и Хари прво требаше да и дадат бомбастично интервју на Елен, но сепак решија да ја посетат познатата пријателка Опра Винфри.

Сите се прашуваат и кога ќе ја крсти малата Лилибет, но и кога ќе ја запознае својата правнука, кралицата Елизабета Втора. Информациите се кријат, но со оглед на здравствената состојба на кралицата, која според бројни извори од дворот е лоша, запознавањето би можело да биде наскоро, веќе за време на празниците.

На тоа се надева и нејзиниот татко, но тоа е малку веројатно бидејќи ја користи секоја прилика да ја клевети својата ќерка во медиумите.

Преземено од: ttps://stil.kurir.rs/
Фотографија: MICHAEL ROZMAN/WARNER BROS / https://people.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1