ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 1:42 PM

Бидермаерот за публиката – Џеј Ло ќе се мажи?!

Џенифер Лопез го украде шоуто на овогодинешните Американски музички награди во Лос Анџелес во неделата вечерта кога се појави во венчаница. Иако другите изведувачи имаа солидни изведби, сите останаа без зборови на нејзиниот настап.

Пејачката додека пеела романтична балада прво била во црн фустан, а за време на инструменталот се сокрила во бекстејџот и облекла венчаница.

Ова предизвика овации кај публиката, а тие беа особено воодушевени кога на крајот од настапот фрли бидермаер во публиката.

Џеј Ло со овој гест сакаше да го најави претстојниот филм „Marry Me“, но нејзините фанови се убедени дека има уште една причина. Тие веруваат дека и Лопез сакала да го објави бракот со Бен Афлек, бидејќи пред само неколку дена за „Today“ изјавила дека се уште верува во брак.

Инаку, заплетот на филмот, во кој, покрај Лопез, главната улога ја толкува и Овен Вилсон, ја следи приказната за пејачката и танчерка Кет Валдез која решава да се омажи за својот долгогодишен партнер. Планот е судбоносното „да“ да му го каже на својот избраник пред илјадници обожаватели на сцената, но таа желба паѓа во вода кога ќе дознае дека нејзиното момче ја изневерувало со асистенката.

Преземено од: https://www.kurir.rs/
Фотографија: Frazer Harrison/Getty Images for MRC /https://www.etonline.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1