ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 1:15 PM

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, цената на бензините иста

Од полноќ за денар и половина се намалува цената на дизелот, а за денар на Екстра лесното масло за домаќинства, додека цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на дизелот ќе биде 66,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 66 денари. Еуросупер БС-95 ќе се продава по иста цена од 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,607 денар/килограм и сега ќе изнесува 41,245 ден/кг.

Намалувањето се должи на пониските цени на нафтените деривати на светските берзи во изминатиот седумдневен период.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1