ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 12:37 PM

ДПИ не казнува за непоседување или неоригинален сертификат во кафуле, МВР ја има таа надлежност

Во месец ноември до денеска затворени се 9 угостителски објекти кои не го почитувале Законот за заштита на населенито од заразни болести, информираше денеска на прес конференција диркеторката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска Димоска.

Од објектите 1 во Гостивар, 2 во Скопје, 4 во Кичево и 1 во Тетово.

-Од моментот кога е донесена одлуката за поседување на сертификати за влез во угостителските објекти каде што државниот пазарен инспекторат има надлежност има 1280 инспекциски надзори преку кои се составени записници и е извршено инспекциски надзор. Вкупно затворени се затворени 20 угостителски објекти поради неправилности и тоа затворањето е по основ на тоа дека на дел од гостите не поседуваат сертификати или пак констатирано е дека не се почитуваат протоколите по однос на поголемо присуство на лица во угостителските објекти од дозвоелното или непридржување на протоколот за одржување на дистанца, изјави Симеска Димоска.

По месеци, во месец август затворени се 4 угостителски објекти, од кои 2 во Скопје и 2 во Тетово.

„Во септември затворени се 4 угостителски објкети, 2 во Скопје, 1 во Гостивар и Тетово. Во октомври месец затворен е 1 угостителски објект издадени се 15 решенија по основ на законот на заштита од заразни болести, додека во ноември месец до ден денес контролирани се 173 објекти, односно на толку објекти е узвршен инспекциски надзор со записник и затворени се 9 угостителски објкети, 1 во Гостивар, 2 во Скопје, 4 во Кичево и 1 во Тетово“, рече Симеска Димоска на прес конференција.

Таа при одговор на новинарско прашање дека како институција не се надлежни да казнуваа за непоседување на сертификати на поединци или поради лажни сертификати во кафулиња и ресторани, рече дека таквата надлежност е на Министерството за внатрешни работи.

Г.Д

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1