ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 10:46 AM

Бустер дозата помага да се прекине синџирот на инфекција – тврди основачот на Бионтек, Угур Шахин

Бустер дозата одлично ги штити вакцинираните од заболување, но помага и да се прекинат идните синџири на инфекција – смета првиот човек и основач на германската компанија Бионтек.

Шефот и основач на германската компанија Бионтек, Угур Шахин прогнозира дека во иднина ќе биде доволна годишна ревакцинација против коронавирусот. Тој за германски Билд изјави дека сегашната бустер доза ја зголемува заштитата, која со тек на време се намалува.

Тој рече дека очекува заштитата да трае подолго отколку што беше случајот со двете дози.

– Следната ревакцинација потоа може да биде потребна само еднаш годишно, како вакцина против грип, објасни тој.

Шахин рече дека заштитата од вакцини почнува да опаѓа од четвртиот месец.

Сепак, студии објавени неодамна покажаа дека заштитата од тешка форма на болеста е висока и до деветтиот месец.

– Засилувачката доза многу добро ги штити вакцинираните од болеста, но исто така помага да се прекинат идните синџири на инфекција, рече тој додавајќи дека тоа може да помогне во справувањето со пандемијата во текот на претстојната тешка зима.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1