ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/22/21 9:38 AM

Портал дезинфомира во наслов при пренесување на изјавата на кадидатот за бугарски министер за надворешни работи Даниел Лорер

Рецензираме текст со наслов „Кандидатот за бугарски министер за надворешни работи: Нема да има договор со Македонија и нема преговори во декември“  објавен на македонски портал.

Станува збор за интервју на кандидатот за бугарски министер за надворешни работи Даниел Лорер дадено за бугарскиот медиум „БТВ радио“ во кое тој дава одговор за спорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија. При што на порталот во насловот дезинформира при  пренесување на изјавата на Лорер.

Всушност кандидатот за бугарски министер за надворешни работи Даниел Лорер во својата изјава не вели дека „нема да има договор со Македонија“, туку вели дека ќе се отворат понатамошни дискусии за економскиот напредок меѓу двете земји, но и дискусија за историјата која ќе се одвива паралелно.

Што точно кажа Лорер:
-Ни се чини дека ако ја оставиме само историјата за да ги придвижи преговорите, тоа нема да даде доволно добар резултат за двете страни. Поради тоа ќе отвориме понатамошни дискусии за економскиот напредок меѓу двете земји, но и дискусијата за историјата ќе се одвива паралелно. За да можат двете страни да бидат задоволни, истакна Лорер.

Со несоодветниот наслов, авторот го прекрешува првиот принцип врз кои се засноваат етичките вредности на Кодексот на новинари, каде пишува:

„Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“.

Дополнително, во ниту еден дел од изјавата на Лорер каде што дава одговор на новинарското прашање поврзано со спорот помеѓу Македонија и Бугарија не вели дека нема да има договор , како што тоа го тврди авторот на текстот.

Со пренесување на информацијата до граѓаните се довива впечаток дека Северна Македонија нема никогаш да има договор со Бугарија за решавање на спорот. При што се прекршува и Членот 1 (1.2) од Насоките за етичко известување на онлајн медиумите.

„Премолчувањето на фактите кои можат битно да влијаат врз формирањето на ставот за некој настан или личност е еднакво на намерно искривување на реалноста и создавање дезинформации“.

Во овој случај информацијата со насловот со кој е обајвена и пласирана во јавноста всушност ги дезинформира читателите бидејќи половично погрешно е пласирана. При што се прекршува уште еден член од Насоките за етичко известување на онлајн медиумите. Стнаува збор за членот 5 (5.1) во кој стои:

Онлајн медиумите ќе известуваат точно, објективно, целосно и навремено за настаните од јавен интерес, почитувајќи го правото на јавноста да ја знае вистината“.

Во ситуација на крајно сензитивни односи меѓу Бугарија и Македонија, од особен интерес е новинарското извесување на оваа тема, вклучувајќи и пренесување на изјави и интервјуа, да ги базираат на новинарските стандарди, односно да бидат точни и објективни. Вниманието и на македонската и на бугарската јавност е свртена кон потезите и на политичарите, но и на јавните личности, кои го искажуваат своето мислење. Се’ заедно создава рефлексија и врз секојдневниот живот на граѓаните на двете земји, поради што под лупа е и работата на медиумите. Поради тоа, придржувањето кон непристрасното информирање е првата задача на секој новинар.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

                                                                             


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1