ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/21/21 8:48 PM

Би-би-си ќе емитува филм за кралското семејство, Елизабета и Вилијам очајни

Британското кралско семејство се закани дека ќе го бојкотира Би-Би-Си поради документарниот филм, кој треба да се прикаже во понеделник. Во него, меѓу другото, се наведува дека членовите на најпознатото семејство во светот воделе таканаречени „брифинг војни“.

Раскараните принцови се обединија и заеднички се заканија со бојкот на Би-Би-Си, доколку челниците на мрежата не се откажат од емитувањето на споменатиот документарен филм.

Бакингемската палата е лута што мрежата одби да го даде документарниот филм „The Princess And The Press“, на увид  пред да се емитува на каналот BBC2. Како што соопштија од Палатата, соработката на сите идни проекти ќе биде прекината, во случај прес-службата на кралското семејство да не го добие филмот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1