ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/21/21 6:44 PM

Мицкоски со апел на сите заинтересирани да му се спротистават во трката за нов лидер, не верува дека во вторник Заев и официјално ќе даде оставка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Христија Мицкоски не сака да ја коментира најавата на Заев дека во вторник и официјално ќе поднесе оставка. Според него премиерот често ги менува ставовите и секој коментар во овој момент не би имал некакво значење. За тоа кој ќе го наследи, Мицкоски вели дека е работа за која треба да си одлучи СДСМ.

Во врска со најавениот Конгрес на опозицијата кој е закажан за 12 декември во Скопје, Мицкоски со апел до сите заинтересирани кандидати да се пријават на повикот и да му се спротивстават во трката за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски денеска беше во Охрид каде заедно со новиот градоначалник Пецаков присуствуваше на стартот на градежните активности за реконструкција на булеварот „Македонски просветители“, една од најфрекфентните сообраќајници во центарот на Охрид.

Реагираа од СДСМ. Проектот во Охрид на кој денеска Мицкоски како партиски лидер учествуваше е проект изработен од претходната општинска администрација предводена од Константин Георгиевски и СДСМ, со поддршка од министерството за транспорт и врски.

Мицкоски со неговите увиди врши груба партизација на општините. Дали државната комисија за спречување на корупцијата, ќе реагира за оваа злоупотреба или чека некој друг да поднесе претставка. Мицкоски со ваквите постапки само докажува дека не е излезен од режимската матрица, од времето кога лидерот на вмро-дпмне беше и премиер и министер и градоначалник, велат од СДСМ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1