ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/21/21 6:30 PM

Баерн Минхен ги крати платите за невакцинираните фудбалери

Бундеслигашот Баерн Минхен одлучи да им ги намали месечните примања на своите фудбалери, кои одбија да се вакцинираат против коронавирусот и поради тоа се наоѓаат во карантин, јави агенцијата ДПА.

Раководството на германскиот првак се одлучи на таков чекор поттикнат од ситуацијата поврзана со својот играч Џошуа Кимих, кој во моментов е во карантин по близок контакт со лице заразено со Ковид-19.

Кимих, кој не е вакциниран, за краток период по втор пат е во самоизолација.

Весникот „Билд“ објави дека меѓу невакцинираните фудбалери во таборот на Баерн се и Серж Гнабри, Џамал Мусала, Ерик Максим Чупо – Мотинг и Микаел Куисанс.

миа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1