ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/21/21 4:42 PM

Над пет милиони смртни случаи од почетокот на пандемијата во светот, над 256 милиони случаи на Ковид-19

Повеќе од 256.540 000 случаи на коронавирус се пријавени ширум светот од почетокот на пандемијата. Повеќе од 5.144 милиони заразени луѓе починаа. Сепак, според Светската здравствена организација (СЗО), реалниот број на смртни случаи може да биде два до трипати поголем. Регистрираниот број на случаи на коронавирус во светот е само дел од реалноста, јавија западни медиуми. Со зголемувањето на достапните тестови и подобрувањето на методите за следење на контактите на заразените, генерално е зголемен бројот на пријавени случаи. Сепак, многу поблаги и асимптоматски случаи не се пријавени. Огромното мнозинство од заразените со коронавирус закрепнуваат.

Во светот вчера беа пријавени повеќе од 478.000 нови случаи на коронавирус. Починале 6246 заразени. Најголем број на починати во последните 24 часа имаше во Русија (1252), потоа во Полска (382) и Украина (377). САД се најтешко погодената земја од пандемијата, со најмногу заразени (47,701 милиони) и смртни случаи (над 771 илјади).

Следуваат Бразил (повеќе од 612 илјади починале од 22.012 милиони заразени), Индија (над 465 илјади починале од 34.510 милиони заразени), Мексико (повеќе од 292 илјади починале од 3.862 милиони заразени) и Русија (над 264 илјади починале од 9.331 милиони заразени).

Перу е на прво место по бројот на смртни случаи на 100.000 жители (609). Следат Бугарија (390), Босна (372).

По региони, Јужна Америка и Карибите се најтешко погодени (повеќе од 1.534 милиони починале од 46.446 милиони заразени). Следува Европа (повеќе од 1.482 милиони смртни случаи од 80.774 милиони заразени) и Азија (над 889 илјади починати од 56.781 милиони заразени). Најмалку погоден регион е Океанија (3.156 починати од речиси 293 илјади заразени).

миа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1