ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/21/21 12:13 PM

Бочварски: Се надевам дека скопската градоначалничка ќе се премисли за брзиот автобуски превоз, парите веќе се предвидени во буџетот

Во буџетот за следната година се предвидени 246 милиони денари за брзиот автобуски превоз за град Скопје, кажа на денешната прес-конференција, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. Овој проект го промовира  поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, но актуелната градоначалничка, Данела Арсовска најави дека за јавниот превоз во Скопје има друго решение.

„Би сакал да потенцирам дека тендерската постапка за овој проект е во тек и сакам да го упатам апелот до Град Скопје да ги преиспита најавите за откажување на овој проект. Сметам дека воведувањето на еден нов систем за превоз за транспорт во град Скопје носи многу бенефити. Не видовме од другата страна аргументи, зошто би се запрел ваквиот проект. И доколку се донесе едена вакова одлука, таа би требало да биде поткрепена врз база на студии и анализи. Ова е проект на град Скопје но е финансиран од страна на државата и заради тоа очекуваме да се донесат мудри одлуки“, рече Бочварски.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1