ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/21/21 11:30 AM

Денес сончево со умерен јужен ветер, од утре облачно со дожд

 Претпладне во некои котлините ќе се задржи слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени.

Времето во Скопје, претпладне ќе биде по малку магливо, а преку денот сончево со слаб јужен ветер.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, од утре ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе започнат на запад во средината на денот и преку ноќта ќе се прошират во останатите делови од земјата, а позастапени ќе бидат на западот. Од вторник следува неколкудневен период со позитивни утрински температури.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1