ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/20/21 9:37 PM

Се пораѓав 11 болни часа – Шехерезад објави фотографија од породилиште

Турскиот пар Бергузар Корел (39), која е позната по улогата на Шехерезада и Халит Ергенч (51), кој го паметиме како Сулејман Величествениот, пред две недели добија трето дете – ќерката Лејла.

Шехерезада сега на својот Инстаграм објави серија емотивни фотографии од породувањето и откри дека се породила 11 часа. Исто така, со ова таа ја искористи приликата да им се заблагодари на сите кои беа со неа во тие моменти.

Како што напишала, папочната врвца на бебето била обвиткана околу вратот, а она што е интересно е што Бергузар го предвидел точното време кога бебето ќе излезе.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Заедно со описот под фотографиите, каде откри се за ситните компликации, им даде поддршка и на идните мајки.

На сликите е и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, кој цело време бил со неа за време на раѓањето на бебето.

– Приказната на Лејла беше единствена од првиот до последниот ден. И покрај силните болки додека излегував од дома, реков „може да го родам ова девојче дури во 10 часот наутро“, а тоа го кажав кога влегов на вратата од болницата. Кон крајот на 40-та недела, мојот лекар рече: „Има причина зошто ова девојче сè уште не е родено, можеби и е кратка папочната врвца.“ Иако поминаа часови и моето тело ги заврши сите подготовки за да дојде бебето, нашата ќерка сè уште по болните 11 часа поминати во болница, Лејла се роди токму како што реков, во 10 часот, со кратка папочна врвца завиткана околу вратот – напиша актерката сега за своето трето дете, додавајќи дека секое раѓање е различно.

„Убаво, солзите ми течат сами“, „Толку емоции на секоја фотографија, нереална“, „Колку љубов, ме расплакува“, се само дел од коментарите на фановите.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1