ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/20/21 8:16 PM

Кралски крем колач готов за половина час

Богат десерт на кој сите ќе му завидуваат.

Состојки:

За кората:

– 300 гр мелени бисквити – 120 гр маргарин – 100 гр чоколада – 50 гр шеќер во прав – 50 гр сечкани ореви – малку рум

За крем:

– 200 гр маргарин – 250 гр пире од костен – 50 гр шеќер во прав – 3 дл слатка павлака – рум

И уште:

– 2 дл слатка павлака

Подготовка

Кора:

Маргаринот, бисквитите, растопената чоколада, сечканите ореви и румот убаво се соединуваат и формираат кора.

Крем:

Изматете ги маргаринот и шеќерот во прав, додадете го пирето од костенот и потоа изматената слатка павлака, по желба додадете малку рум. На крај додадете шлаг измешан со слатка павлака, декорирајте со чоколадни трошки или овошје по желба, ставете во фрижидер и – уживајте.

Извор: Стил.курир.рс

Фото: Thinkstock


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1