ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/20/21 7:19 PM

Починаа 12 лица, најмладиот на 33 години, регистрирани 449 нови случаи со Ковид-19

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во изминатите 24 часа од направени 3.859 тестирања регистрирани се 449 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 317 пациенти, а починати се 12 лица од кои едно починато лице е со датум на смрт од 16 ноември.

Од новозаразените 195 се од Скопје по што следи Битола со 47, Прилеп – 19, Кавадарци – 18,Берово – 17, Куманово – 16, Кочани – 15, Велес и Штип – по 13, Гевгелија – 12, Делчево – 11, Охрид – 10, Струмица – 8, Неготино – 7, Валандово – 6, Тетово, Радовиш и Ресен – по 5, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 4, Кичево и Богданци – по 3, Струга, Свети Николе и Македонска Каменица – по 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Од Скопје се и најголем број оздравени пациенти – 125, по што следи Берово со 26, Кавадарци – 24, Велес – 19, Битола – 15, Прилеп – 13, Штип и Гевгелија – по 10, Неготино и Кратово – по 9, Кочани – 8, Валандово и Тетово – по 6, Крива Паланка, Куманово и Струга – по 5, Струмица, Богданци и Пехчево – по 4, Делчево и Охрид – по 3, Крушево – 2, Пробиштип и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица од кои четворица се од Скопје (69г, 76г, 81г и 89г), Прилеп – 2 (65г и 82г), и по едно починато лице од Тетово (74г), Битола (72г), Охрид (33г), Виница (66г), и Демир Хисар (81г). Сите лица се починати во болнички услови. Најмладото 33 годишно починато лице, било со дијагноза дијабет тип 2, и не земало соодветна терапија. Примено е во болница во тешка состојба.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од МојТермин, е пријавено едно починато лице со датум на смрт од 16.11.2021. Лицето е од Кавадарци и е починато во домашни услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1