ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/20/21 5:52 PM

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија – Вреќи со пари испаднале од камион и летаат по автопат

Американската полиција уапси неколку лица откако вреќи со пари испаднаа од оклопен камион на автопат во областа Сан Диего во Калифорнија, предизвикувајќи хаос додека возачите застануваа да земат банкноти.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат како банкноти летаат по патот додека луѓето се обидуваат да ги подигнат.

Полицијата соопшти дека возачите излегле од возилото и го блокирале сообраќајот, а неколку лица се уапсени. Полицијата ги замолила сите кои ги добиле банкнотите да ги вратат.

 

„Поради некоја причина, торбите испаднаа од камионот, а парите беа расфрлани на патот“, изјави службеникот на сообраќајната полиција Џим Бетенкур, предупредувајќи дека секој што ќе ги земе парите ќе се соочи со кривична пријава.

Извор: Вијести.ба


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1