ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/20/21 4:46 PM

„Не престанавме да веруваме во нашата приказна и мисија“ – Одржан фестивалот на младо вино „Тиквеш“

Традиционално, 12 години по ред во Кавадарци се одржа Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“. Така беше и денес, на вториот ден од овој фестивал, кој навистина има значајна улога во развојот на винската култура и тоа не само кај нас туку и во регионот.

Годинава се одржува под  мотото „Да наздравиме за посреќна иднина“, инспирирано од пандемијата, кога сите се плашат за својата иднина од здравствени и економски причини.  Токму поради тоа, под протокол се славеше првото отворање на бочвите со вино од годинешната берба .

А гости од секаде, претставници на дипломатскиот кор, на бизнис секторот,многу јавни личности, деловни пријатели и музички гости како Мијата, Дани, Елвира Медуњанин, Нина Бадриќ и церемонијал мајсторот Сашко Коцев, кој со своите шеги ги насмеа присутните.

Фестивалот го отвори првиот човек на „Тиквеш“, Светозар Јаневски, кој рече:

– Сакаме да ви покажеме како сме се справиле со предизвиците со кои се соочуваме во овие проблематични и неблагопријатни времиња, од пандемијата, преку временските услови, до сето она што го носи амбиентот на една заробена држава, како нашата. Јас морам да бидам малку егоцентричен и да кажам дека во целиот овој период, луѓето од Тиквеш, М6 Аграр и нашите соработници – лозарите го понесоа најголемиот дел од теретот во решавањето на проблемите во целиот процес на производство на вино, создавајќи сегмент кој ќе дава многу поголеми можности за задржување на младите, кои не гледаат големи шанси за опстанок во земјата, рече Јаневски и додаде:

„Виното е извозен производ, еден од трите клучни производи на земјата, производ кој директно или индиректно поврзува во ланец повеќе од 100.000 граѓани, производ кој е амбасадор на земјата во повеќе од 35 земји во светот. Ќе бидам храбар и ќе кажам дека поминавме голем дел од патот до поставената цел – да бидеме меѓу најдобрите вински брендови во светот. Тоа го постигнавме со големите и постојани инвестиции во технологија и знаење, големите залагања на вработените,  парнерството со лозарите, нашето знаење во кое постојано вложуваме и го надградуваме…  Борбата никогаш не престанува. Противникот е се посилен, а тоа сега е пандемијата, а веќе утре се климатските промени и нивното влијание врз целокупниот наш живот, а особено врз земјоделството. Сите имавме големи проблеми изминатиот период, но ние не застанавме. Продолживме, се менувавме секој ден, не престанавме да веруваме во нашата приказна и мисија – да го произведеме виното по ваш вкус. Дали сме успеале, ќе ни кажете вие се разбира, рече Јаневски на крајот и наздрави со чаша црвено вино.

(В.М.)

Фото: Вангел Тануровски

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1