ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/20/21 1:49 PM

Марјан Ѓорчев: На баба Ванѓа често и носев изварка, многу ја сакаше (видео)

Марјан Ѓорчев, често ја посетувал баба Ванѓа, а во времето кога бил директор на Скопска млекара и носел изварка, бидејќи знаел дека многу го сака овој млечен производ, се потсети Ѓорчев, во денешното издание на емисија Стадион на Канал 77.

„ Ние произведувавме изварка, како што во струмичкиот крај се нарекува, коешто не е засолено, туку е директно од ферментација. Јас ете се обидував да и’ приредам такво изненадување,“ образложи Ѓорчев.

„ Среќен сум што сум имал можност да контактирам со таква личност којашто беше еден светски феномен“,додаде Ѓорчев.

Додека ја посетувал  разговарале на тема Македонија.

Ѓорчев, кој што долги години е во политиката, беше и градоначалник, министер, поранешен македонски амбасадор во Бугарија, го има поддржано и излегувањето на книгата за баба Ванѓа, „Случајот Ванѓа“ напишана од нејзиниот внук, Николај Стојанов, во која тој ќе напише…

„ Марјан Ѓорчев е еден од малкуте луѓе кој никогаш не ја побарал за свој личен проблем, баба Ванѓа. Доаѓал за сладок муабет или за совет и помош за некој болен пријател, секогаш ја изненадуваше пророчицата со нешто вкусно што на неа и се сакало во тој момент…“

Ѓорчев смета дека со оглед на нејзиното македонско потекло, ние не и’ се оддолжуваме како што треба.

„Оваа книга беше само еден мал дел од што ние треба да го направиме за неа. Многу работи што ги кажа за Македонија се обистинија и остварија, така како што сега се одвиваат работите,“ рече Ѓорче во денешното гостување во емисијата Стадион.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1