ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/20/21 11:12 AM

Го криеја од јавноста – Меган објави фотографија од синот Арчи како храни кокошки

Малиот Арчи по раѓањето беше медиумска ѕвезда, но Меган и Хари набрзо го сокрија од јавноста. Маркл покажа како изгледа денес.

Меган Маркл ги изненади сите кога се појави како гостин во ток-шоуто на познатата водителка Елен Деџенерис, а посебно внимание предизвика фотографијата која ја покажа за време на гостувањето. Војвотката од Сасекс покажа како изгледа нејзиниот двегодишен син Арчи.

Синот на принцот Хари и поранешната актерка последните месеци беше далеку од очите на јавноста, а поранешната кралска двојка пред камера не ја покажа ниту ќерката Лилибет која неодамна ја добија. Меган на шоуто на Елен Деџенерис се појави без преголема помпа, а на фотографијата која го покажа нејзиниот мал син не се гледа лицето, туку е направена одзади.

Арчи носи фармерки и сива маица, а на нозете чизми со дезен додека хранел кокошки во дворот на вилата во Калифорнија каде живее со родителите и сестрата.

Извор: Дневник.хр

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1