ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/20/21 10:47 AM

Уапсен 33-годишен скопјанец за даночно затајување

Вчера во 16.10 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги во трговски центар на подрачјето на Карпош го лишија од слобода М.И.(33) од Скопје, информираа од МВР.

За него била распишана Централна потерница од МВР и издадена наредба од страна на Основно јавно обвинителство Велес за истражни дејства во врска со кривично дело „даночно затајување“ предвидено во чл.279 од Кривичниот законик. Лицето е приведено во полициска станица за понатамошна постапка.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1