ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/20/21 10:02 AM

Остави четири деца и четири внучиња, не успеја да ја победи болеста – Почина пејачката Мерима Његомир

Пејачката Мерима Његомир по кусо боледување почина на 69-годишна возраст, а зад себе остави четири деца и четири внуци, како и бројни хитови по кои ќе ја паметиме. Сними повеќе од 25 албуми и испеа некои од безвременските хитови како „Иванова корита“, „Рузмарин“, „Због тебе“ и многу други.
Родена е на 9 ноември 1953 година во Белград како Мерима Куртиш. Кога била петто одделение сакала да пее во училишниот хор, но тие не ја прифатиле. Знаеле дека убаво пее, но дека е премногу срамежлива, па како таква не се вклопува во музичкиот хор. Потоа престанала да фантазира за музичка кариера, а тоа траело до нејзината осумнаесетта година.

Љубовта и талентот за пеење Мерима ги наследила од мајка си, која имала исклучително убав глас и слух за музика. Израснала во семејство кое ги вреднувало традиционалните вредности, мајка и е од Босна, а татко и од Македонија. Има брат и сестра. Кога била во пубертет, на четиринаесет години, нејзините родители се развеле. Нејзината мајка го напуштила семејниот дом со сестрата на Мерима, која тогаш имала пет години, додека Мерима и нејзиниот помал брат останале со својот татко. Нејзиниот живот тогаш многу се променил.
Мерима Куртиш се омажила за Милан Његомир во 1979 година, а го запознала кога имала 21 година. Биле пет години во врска, а нејзиниот сопруг тогаш имал 42 години. Мерима рекла дека тоа било љубов на прв поглед, а нејзиниот сопруг го опишува како многу убав и паметен маж.  Мерима за пет години роди четири деца, ќерките Милица, Јелена и Љубица и синот Марко.

Имала голема енергија и желба за работа, но и да се оствари како мајка. Сè правела паралелно, а имала жена која неколку години и помагала во грижата за децата. Мерима не ги избегнувала настапите. Настапувала и додека била бремена, па и неколку месеци по породувањето.

Таа била во брак со Милан 16 години, до 1995 година, а  по разводот, останаа во добри односи, неговата смрт во август 2019 година длабоко ја потресе Мерима. Имала тешки моменти, а често и недостаток на пари. Сепак, Мерима успеала да им обезбеди се на децата благодарение на талентот и музичката кариера. Таа ги воспитувала децата и ги однела на вистинскиот пат. Нејзината ќерка Милица тргна по стапките на нејзината мајка и се испроба како пејачка. Завршила радио и телевизиска продукција.  Најстарата ќерка Љубица дипломирала на Економскиот факултет каде што и магистрирала, Јелена е архитект за внатрешно уредување, а Марко на Државниот правен факултет. Мерима стана и баба, нејзината ќерка Јелена го роди првото внуче во 2011 година.
По разводот Мерима имаше неколку врски, но не гии експонираше во јавноста. Таа се задржа на својата репутација и не сакаше за нејзиниот љубовен живот да се пишува во медиумите. Сепак, јавноста најмногу ја заинтересира врската со бизнисменот Драгољуб Марковиќ. Драгољуб и Мерима беа пред се пријатели, а потоа љубовен пар околу една година. Иако многу медиуми по нивното раскинување пишуваа дека парот се развел, Мерима демантираше се и рече дека никогаш не се омажила за него и дека не живееле заедно.

Пред само 10 дена таа ја даде последната изјава за медиумите, полна со надеж дека ќе оздрави.

-Се чувствувам лошо, се борам со тешка болест. Со голем тим од експерти и лекари, се надевам дека ќе се изборам со оваа тешка болест. Ја користам целата моја сила и се што имав во претходните години, мојата енергија и се обидувам да се борам. Многумина се изборија, се надевам и јас, мислам позитивно, рече таа.

Извор: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1