ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/21 8:51 PM

Зошто никогаш не треба да ја фрлате кората од јаболкото

Можно е да се намали внесот на пестициди ако го излупите овошјето што имате намера да го јадете. Меѓутоа, на овој начин нема да внесувате важни состојки, особено кога се во прашање јаболката, пишува „Furthermore“.

„Кората од јаболкото може да содржи 90 отсто од постоечките пестициди, но и 50 отсто хранливи материи“, вели Џо Робинсон, автор на „Eating on the Wild Side“.

Таа препорачува да се купат јаболка од органско земјоделство и да се јаде кората. Ако тоа не е можно, вели дека овошјето може да го измиете во сода бикарбона. Според истражувањето објавено во „Journal of Agricultural and Food Chemistry“, натопувањето на јаболката во вода и сода бикарбона 12 до 15 минути може да отстрани 80 отсто од фунгицидот што може да навлезе во кората. Смесата ќе отстрани и 96 проценти од пестицидите. Миењето во обична вода од чешма не е толку ефикасно.

Се чини дека содата бикарбона ги разградува молекулите на пестицидите и на тој начин помага во чистењето на вашето овошје. Идеалниот размер за чистење е две чаши вода и една кафена лажичка сода бикарбона.

Освен јаболката, многу здрава е и кората од лубеницата. Содржи аминокиселина цитрулин, која го подобрува внесот на кислород за време на вежбите за издржливост. За да ја намалите горчината на кората, јадете ја закиселена. Можете да ја киселите во мешавина од сок од лимета, сол, оцет, шеќер и зачини.

Можете да пробате и лимонски сол, односно мешавина од кора од лимон со прстофат сол за да ги зачините рибата и месото. Аромата на оваа кора може да го подобри вашето расположение.

Извор: Пинк.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1