ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/21 8:12 PM

Маринко е жив во твоето срце засекогаш – Необјавена фотографија на малиот Никола Роквиќ со мајка си и покојниот татко

Пејачот Никола Роквиќ, синот на починатиот пејач Маринко Роквиќ, објави стара семејна фотографија со покојниот татко и мајка му Славица.

Никола тогаш имаше до три години и позираше во прегратките на своите насмеани родители.

Семејната фотографија, која Никола ја објави, една недела откако беше погребан неговиот татко, растажи, но трогна многумина кои му дадоа зборови на утеха и поддршка.

„Прекрасно семејство“, „Отиде прекрасниот човек и пејач“, „Толку многу емоции… Зборовите се излишни…“, „Убави спомени, Маринко е жив во твоето срце засекогаш“, „Тој беше среќен човек бидејќи тој има прекрасно семејство“, „Ти си истиот тато“, „Биди среќен што си имал таков татко“, се дел од коментарите.

Маринко почина во саботата на 6 ноември на 68-годишна возраст по борба со рак на панкреасот. Зад себе ги остави сопругата Славица и синовите Никола и Марко, како и вонбрачниот син Дарио.

Маринко беше погребан на 11 ноември на гробиштата Нова Бежанија, каде покрај семејството, стотина луѓе го придружуваа до вечното почивалиште.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Марко Јовановиќ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1