ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/21 7:33 PM

Одлучив Ковачевски да биде тука со мене, а претседателот ќе си го бира членството на СДСМ, рече Заев на прашање дали го промовира неговиот наследник

На средбата со новинарите по завршување на средбата Заев- Гаши се појави и Димитар Ковачевски, за кој се шпекулира дека ќе биде наследникот на Заев, односно новиот претседател на СДСМ. На новинарско прашање дали неговото појавување на овој настан значи и негова промоција, премиерот ниту демантираше, ниту, пак, потврди дека токму Ковачевски е неговиот наследник.

-Димитар Ковачевски е актуелен заменик министер за финансии и член на ИО на СДСМ и денес е во тоа својство. Секако тој е претседател е и на комисијата за финансии на СДСМ и еден од моите први соработници, а СДСМ ќе си одлучи преку членството, преку непосредни избори кој ќе биде следниот претседател на СДСМ.  Одлучив дека треба да го поканам токму Димитар денес да биде тука со мене, рече Заев на новинарско прашање зошто на пресот не се присутни заменичката или некој од претседателите и додаде:

-Ковачевски е член на СДСМ од 2000 година, а можеби и порано, докажан кадар  и комплетно подготвен да ми помогне за ова што денес го разговараме. Во иднина за сите имиња што излегоа во медиумите, вклучително и на Ковачевски, претстои процес на избор од страна на членството на СДСМ. Кога ќе се ефектира мојата оставка, веднаш ќе почне процедурата за  избор на претседател на СДСМ, рече Заев.

Заев не дозволи на прес конференцијата и на Ковачевски да му се поставуваат прашања. А на новинарско прашање дали новиот претседател на СДСМ ќе биде и новиот мандатар, тој рече:

-Тоа ќе си го одлучат органите на партијата. СДСМ нема донесено одлука кој ќе биде мандатар, но мој личен став е и посакувам  претседателот на најголемата владеачка партија да биде и претседател на Влада. Тогаш и одговорноста и легитимитетот е комплетен, секако и успесите се погарантирани, додаде тој.

За тоа кога Заев ќе поднесе оставка, тој рече дека според постапките од Уставот нема да се стаса до 14ти декември за избор на нова Влада или премиер.

-Логично е овој период СДСМ да го избере својот претседател и ќе побарам да се свика ИО и ЦО во вторник за да може да се констатира мојата оставка и да отпочне веднаш постапката за нов претседател. Сите што правеа драми и континуирано го лажат и замајуваат еве, зборот е збор. Ќе се радувам да дочекам вака големина и од други политичари за вака важни позиции. Ако се успее овој приод, а верувам дека може, СДСМ да избере претседател, тој би требало да биде идниот мандатар и тој ќе предложи нова Влада, не реконструкција, кажа Заев.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1