ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/21 3:42 PM

Иван Јорданов нов претседател на Советот на градоначалници во ИПР

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов е избран за нов претседател на Советот на градоначалници во Источно планскиот регион.

На денешната седница, освен градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, присуствуваа сите градоначалници, на коишто на почетокот на седницата им беа верифицирани мандатите како нови членови на Советот.

„Се надевам дека во идниот период ќе носиме одлуки со коишто ќе дадеме придонес за сите општини во  целиот Источно плански регион. Ќе ги искористиме сите расположливи ресурси и капацитети за развој не само на Штип, туку и на целиот регион,“ изјави Јорданов, по седницата.

Инаку на денешната седница, согласно измените на законот за Рамномерен регионален развој, усвоен на почетокот на годината, беа донесени одлуки за започнување на процесот  во рамките на Советот да се избере по еден претставник од бизнис заедницата и претставник од невладиниот сектор. Тие ќе треба да бидат дел од Советот но без право на глас.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1