ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/21 2:53 PM

Новите мерки ги обесправуваат прележаните: Д-р Нино Беќаровски предлага ковид-пасош за сите прележани од ковид со тест за антитела

Природно стекнатиот имунитет по секоја инфективна болест е најдобриот имунитет, смета д-р Нино Беќаровски. Директорот на Клиниката за токсикологија се огласи на социјалната мрежа Фејсбук во врска со новопредложените мерки, со кои според него, вистински прележаните болни од ковид-19 се драстично обесправени.

Ставањето на вистински прележаните болни во иста група со невакцинираните непрележани граѓани е медицински неоправдано – вели докторот, додавајќи дека во лифт се чувствува побезбедно кога се вози со вистински прележан болен од ковид-19 во последните 6 месеци, отколку со комплетно вакциниран од пред шест месеци.

„Сите прележани од ковид-19 со релевантен тест за антитела би требало да добиваат ковид пасош, кој би се обновувал на секои три месеци, ако нивото на антитела е задоволително (вредноста би ја одредиле нашите имунолози). Кај сите постари лица од 50 години, кои во меѓувреме не заболеле од ковид-19, како и кај сите заболени од имунокомпромитирачки болести давањето на бустер доза е медицински оправдано“, смета д-р Беќаровски.

Тој понатаму посочува дека вакцинацијата на комплетно здрави малолетни лица нема реална медицинска индикација, а кај лица од 18-30 години е пожелна, но не и неопходна.

„Масовната вакцинација се уште е најдобар и единствен начин за сузбивање на пандемијата, иако не ги исполни сите очекувања. Вакцините се најголемото достигнување во современата медицина во последните 150 години“, порачува д-р Беќаровски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1