ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/21 1:44 PM

Димитриевски ја прифаќа подадената рака од СДСМ ако оставките навистина значат „зборот е збор“

Максим Димитриевски одговори на јавниот повик од генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој во телевизиско гостување најави дека партијата ќе направи се „обединети, со многу промени и детектирани слабости и отстранување на истите, да биде партија која ќе биде целосно подготвена за следните предизвици“. На прашањето од водителот „да резимирам, ќе се обидете да го вратите Максим?“, Николовски одговори: „Ќе се обидеме да направиме сè, да“.

Димитриевски во подолго обраќање одговори дека никој не може да го враќа во партија од која никогаш нема излезено.

-Согласно статутот на мојата СДСМ сѐ уште сум член и воедно со нетрпение ја очекувам седницата на ЦО на која ќе разговараме и за мојот статус, но и за погубните политики на дел од раководството кои не доведоа во оваа состојба, пишува Димитриевски.

Сепак, понатаму кумановскиот градоначалник, кој со независна кандидатура успеа да освои нов мандат, победувајќи го противкандидатот од неговата партија, СДСМ, вели дека промените се можни, но со „елиминација на лукративно – клиентелистичкиот пристап кои треба да бидат заменети со вистински државотворни политики“.

-Ние власта од граѓаните ја добивме за да бидеме различни, а не исти или слични со претходните. Очекувам реализација на најавените оставки и кадровски смени во владата, но и во партијата бидејќи едно од нашите начела беше и дека “зборот е збор“. Нема да дозволам да бидам дел од нечии игри за собирање на евтини политички поени, мојот фокус во моментов е да ги реализирам сите ветени проекти за кои што добивме доверба од граѓаните притоа водејќи се по реални социјалдемократски начела, напиша Димитриевски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1