ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/21 1:13 PM

Погребални возила чекаат пред Инфективното одделение во Штип – четири пациенти починаа за 24 часа

Две погребални возила од Штип и Радовиш чекаа претпладнето во кругот на Инфективното одделение во Штип, каде се лекуваат пациенти болни со Ковид. Морбидна беше сликата од отворениот капак од возилото, додека роднините ги беа обиколиле службените лица во скафандер за да ги пренесат телата на најблиските. Пациентите наоколу го криеја погледот, додека медицинските лица ги преземаа еден по еден.

Во болничкиот билтен во изминатото деноноќие се регистрирани четири починати пациенти на возраст од 70-76 години, по двајца од Штип и Радовиш. Сите биле со коморбидитети. Слободен болнички кревет речиси и да нема, а од над педесетина хоспитализирани, 44 се на кислородна поддршка. Четворица со полесна клиничка слика се лекуваат на Кожното одделение, кое е претворено во привремен Ковид центар.

Од Клиничката болница изминатите две недели бележат неславни бројки со починати 20 пациенти. Само последните пет дена починале 13 болни со Ковид. Од таму велат дека пациентите доаѓаат со тешка клиничка слика, многу доцна бараат помош, што спасувањето на нивните животи го прави речиси невозможно.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1