ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/21 9:41 AM

Нарачаните анкети Курц ги плати со имунитет

Австрискиот парламент му го укина имунитетот на поранешниот канцелар Себастијан Курц, со што овозможи тој да биде под истрага за корупција, објави Дојче Веле.

Десничарската Австриска народна партија на Курц ја поддржа одлуката. Самиот политичар, исто така, повика на тргање на имунитетот, бидејќи сака да се бори за “лажни обвинувања”, поради кои ја  изгуби функцијата канцелар.

Курц е обвинет дека користел државни пари за плаќање анкети за подобрување на неговиот имиџ.

Обвинителите се сомневаат дека во замена за објавување пристрасни анкети и други позитивни материјали за Курц, еден од најголемите австриски таблоиди добил добро платени јавни огласи.

35-годишниот претседател беше обвинет и за давање лажни изјави пред парламентарна истрага за одделен скандал со поранешен коалициски партнер. Курц ги негира сите обвиненија.

Себастијан Курц постигна вртоглава кариера во австриската политика. Тој стана министер за надворешни работи на само 27 години, а стана канцелар на 31 година.

 

Дојче Веле


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1