ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/21 10:13 AM

Таравари навистина отпатува, но не избега поради „нерушењето на Владата“

Рецензираме текст на македонски портал со наслов „Травари во моментов на аеродром, ја напушта земјата!?,  кој е поткрепен со фотографија на којашто се гледа Таравари како седи во холот на аеродромот, како дополнително уверување дека навистина ја напушта Македонија. Дека генералниот секретар на Алијанса на Албанците ја напушта државата по неуспехот да се собори владата, дополнително треба да уверат и фотографиите извадени од аеродромските камери.

Текстот и не би предизвикал некои внимание, со оглед на тоа дека политичарите постојано патуваат, ако не се погодеше тајмингот. Објавата е на денот кога во Собранието се пребројуваа пратениците од позицијата и опозицијата. Беше веќе извесно дека опозицијата нема да го комплетира новото мнозинство, па во самиот наслов дека генералниот секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари ја напушта земјата, новинарот ја наведува јавноста кон тоа дека можеби незадоволен од случувањата во Собранието, Таравари ја напушта земјата.

Имајќи во предвид дека читателите често се задржуваат само на насловот, медиумот тргнува од претпоставка дека на овој начин ќе им ја пренесе тенденциозната порака.

Со овој наслов, новинарот кој што е непознат, со објавувањето на текстот, го прекршил Кодексот на новинарите  членот 1 во кој се вели:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и објави“.

Понатаму во текстот, новинарот веќе појаснува:

,, Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, наводно вечерва е виден на аеродромот и отпатувал во Турција, односно во Истанбул, јавува ТетоваСот“.

И оваа информација е претпоставка без образложение, а новинарот не се потрудил да ја провери.

Ние ја проверивме информацијата. Тавари потврди дека бил на Аеродромот Скопје и отпатувал на службен пат за Турција. Како што појасни Таравари, картата му била резервирана седум дена пред патувањето и кога се уште не се знаело за тоа кога ќе се гласа за доверба на Владата.

Според Кодексот на новинарите во онлајн сферата, член 1 , Онлајн медиумите нема да објавуваат неточни, пристрасни или манипулативно обликувани текстови, фотографии или други содржини со кои читателите намерно се доведувaат во заблуда.

Во продолжение на текстот, новинарот од претпоставката за патувањето на Таравари преминува во коментар и уште претпоставки за приликите во партијата каде што тој е генерален секретар.

Како резултат на нерушењето на Владата, на социјалните мрежи повторно почнаа да бараат оставка од лидерот Зијадин Села за последниот дебакл, наведува порталот.

Во текстот, новинарот со ништо не ја поткрепува оваа информација, со што јасно се алудира дека станува збор за шпекулации, со цел манипулирање со јавноста, посебно во момент, т.е ден кога пропадна обидот за гласање на доверба на Владата и најавеното формирање на ново мнозинство во Собранието.

 

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1