ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/19/21 9:05 AM

Трамп ја отстрани, Бајден ја врати – Медлин Олбрајт е нов претседател на Комитетот за одбранбена политика на САД

Поранешниот американски државен секретар, 84-годишната Медлин Олбрајт, положи заклетва како нов претседател на Комитетот за одбранбена политика на САД, соопшти Пентагон, јави Си-Ен-Ен.

Овој развој на настаните доаѓа речиси точно една година откако администрацијата на Трамп ја отстрани неа и другите експерти за национална безбедност од советодавниот комитет.

Олбрајт е првата претседателка на одборот откако министерот за одбрана Лојд Остин започна ревизија на советодавните комитети на Пентагон претходно оваа година.

На почетокот на февруари, Остин отпушти стотици членови на 42 одбори и комитети, вклучувајќи, според Си-Ен-Ен, контроверзни членови назначени за време на администрацијата на Трамп.

МИА

Фото: Скриншот Јутјуб


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1