ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 11:00 PM

„На децата секогаш им велам дека од срце ги родив“ – Пејачот Сергеј Ќетковиќ за прв пат ги покажа посвоените ќеркички

Пејачот Сергеј Ќетковиќ вечерва имаше солистички концерт во Белград, а за прв пат во јавноста се појавија неговите посвоени ќерки Лола и Мила со нивната мајка Кристина. Наследничките на Сергеј, како и неговата сопруга, се придржувале на епидемиолошките мерки и не ги отстранувале маските од нивните лица.

Тие се голема поддршка на пејачот, а во една прилика тој раскажа како ќерките го бранеле од фановите.  Сергеј и Кристина ги посвоија девојчињата, а пејачот еднаш зборуваше на оваа тема, за посвојувањето.
– На луѓето малку им е срам да зборуваат за посвојување, а не треба. Што значи воопшто да се биде родител? Не е само тој што  родил дете, туку треба да биде негова безбедност, поддршка, водич. Да биде некој кој е секогаш со него. Не разговаравме за тоа – дали и како ќе ги посвоиме децата, само дозволивме да се случи. Една вечер седнавме во кола и сфативме дека сме ја доставиле документацијата за посвојување. Истото важи и за другата ќерка. Ако сакате да бидете родител, не избирајте средства – посвојувајте деца, правете ги среќни, а со тоа и самите себе.На моите деца секогаш им велам – од срце ве родив – изјави своевремено Сергеј.

Извор и фото: www.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1