ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 10:18 PM

Тврдел дека е невин – Му ја укинале смртната казна само неколку часови пред нејзиното извршување

Гувернерот на Оклахома, Кевин Стит, денеска нареди укинување на смртната казна за Џулиус Џонс, на кога за само неколку часови требаше да му биде инјектирана смртоносна доза.

Џонс (41), во изминатите 20 години очекуваше исполнување на смртна казна поради убиство од 1999 година на бизнисменот Пол Ховел од предградие на Оклахома сити.

На судењето и по пресудата, Џонс постојано тврдеше дека е невин, дека поранешен познаник го извршил убиството и дека тој му го накалемил злосторството. За неговиот случај теливизијата Еј-Би-Си во 2018 година емитуваше документарен филм.

Укинатата смртна казна, сепак, е со услов тој да остане во доживотен затвор без право на помилување, со што неговите поддржувачи и роднини не се задоволни. Притисокот од јавноста Стит да интервенира во случајот беше зголемен во неделите пред да се изврши казната.

Борците против смртната казна во Оклахома се повикуваа на низа случаи од 2014 и 2015 година кога осуденици биле погубувани во огромни болки и маки поради користење расипани коктели за извршување смртна казна.

Повеќе републикански конгресмени од Оклахома се заложија за Џонс и побараа повторно разгледување на неговиот случај. Демократскиот сентор од оваа држава, Џорџ Јонг, е еден од најактивните поддржувачи за ослободување на Џонс. Зад него застана и познатата реалити ѕвезда Ким Кардашијан.

Гувернерот на државата има право да отфрли, укине или прифати одлуки за помилување на осудени лица на смртна казна донесени од Бордот за помилување и предвремено ослободувење на Оклахома. Одлуката за Џонс беше донесена на 1 ноември.

Претходно, на 28 октомври, против смртната казна во Оклахома за двајца осуденици се произнесе и Врховниот суд на САД, иако неколку часови пред тоа, првиот осуденик, Џон Мерион Грант, ја немаше среќата на Џонс и беше егзекутиран, „во конвулзии и повраќање“, пренесуваат американските медиуми. Ова беше прва егзекуција во државата после шест години.

Според извештаи на американски медиуми, второобвинетиот во случајот на Џонс, Кристофер Џордан, признал дека во 1999 година имено тој го извршил убиството на бизнсменот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1