ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 9:33 PM

Прв Божиќ без внуците – Хари и Меган ја одбија поканата празникот да го поминат со кралицата во Велика Британија

Иако ја добија поканата, принцот Хари и Меган Маркл нема да го поминат Божиќ во Велика Британија, ниту ќе им се придружат на остатокот од кралското семејство во Сандрингем, иако се свесни дека ова ќе биде особено тежок момент за кралицата, бидејќи таа за прв пат ќе прослави без нејзиниот сопруг, принцот Филип.

И покрај најавите, Хари и Меган нема да ја напуштат Калифорнија за божиќните празници, што значи дека нема да им се придружат на остатокот од кралското семејство на традиционалниот собир на имотот на кралицата.

Војводата и војвотката од Сасекс нема да присуствуваат на божиќниот ручек на кралицата, кој се организира секоја година за поширокото семејство и кој, во повеќето случаи, се одржува во Бакингемската палата. Исклучок беше направен оваа година, па ручекот ќе се одржи во замокот Виндзор, бидејќи кралицата се уште се опоравува од многуте здравствени проблеми кои ја снајдоа во последно време и поради кои пропушти многу најавени појавувања.

Се шпекулира дека Хари и Меган ја одбиле поканата сакајќи да го избегнат прогонот на медиумите и медиумските наслови што сигурно би се случил доколку се појават во Велика Британија. Изненадувањето за нивното отсуство е дотолку поголемо бидејќи ова е прв Божиќ за кралицата без нејзиниот сопруг, покојниот принц Филип, поради што сите беа убедени дека Хари поради тоа би сакал да биде со својата баба.

Извор: Б92.нет


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1