ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 5:55 PM

(Видео) Паланчанец тргнал да бере смреки, па го нападнала мечка и го влечела за нога – Поради недостиг на храна мечките се симнуваат пониско

Жител од Крива Паланка (55) собирајќи смреки на планината во атарот на гостиварското село Бродец, вчера бил нападнат од мечка. Дивото животно се нафрлило врз човекот и го влечела за нога, а благодарение на овчарски кучиња, човекот едвај спасил жива глава.

-На нападнатиот, му e укажана лекарска помош, а, поминал само со гребнатини, кусо ни соопштија од Секторот за внатрешни работи Тетово.

 

Планинското село Бродец се наоѓа на надморска височина од околу 1.450 метри, во близина на изворот на реката Радика.

Ова не е прв пат луѓето од овој крај, западниот дел на Македонија, да имаат контакт со мечки или како во случајов да бидат нападнати.

Четириесет и три годишен возач од Кичево со својот автомобил минатиот месец удри во мечка на автопатот Тетово-Скопје, а при инцидентот немаше повредени луѓе. По ударот мечката на лице место беше усмртена. Пред неколку месеци двајца тетовци при симнување од тетовското Кале забележаа мечка со уште две мали мечиња, за што сведочи видеото.

Успеале да снимат видео од овие животни, кои ретко се симнуваат на толку ниска надморска височина.

А, пред повеќе од една година тетовци објавија слика од мечка во пределот околу Бањиче.

Поради недостиг на храна мечките често се симнуваат и пониско од нивното живеалиште, а најчесто самите страдаат, а граѓаните ги преплашуваат и повредуваат, како во неколкуте случаи во западна Македонија.

(З.Д.)

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1