ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 4:40 PM

Крушевчанец се сопнал, паднал и со неговиот револвер си пукал во нога

Вчера во 16.35 часот во Полициската станица Крушево, И.И.(34) од с.Алданци, крушевско, пријавил дека околу 16.00 часот во шума на место викано „Воденица“, во близина на Крушево, се сопнал и паднал, при што неговиот револвер „Црвена застава“, кој го поседувал со дозвола, испукал и го погодил во ногата, информираат од МВР.

Тој бил пренесен во болницата во Прилеп, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Увид на местото извршиле екипи од ОВР Прилеп и ОВР Крушево, а револверот и чаурата биле подигнати за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1