ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 4:30 PM

Миле Јанакиевски може да се шета само низ Скопје и Македонија – Апелација му го укина домашниот притвор

Апелациониот суд Скопје, денеска до Основниот кривичен суд Скопје, го достави решението со кое на обвинетиот во повеќе судски предмети Миле Јанакиевски, му ја укинува мерката куќен притвор и му ја заменува со мерка претпазливост.

– Постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.”, КОК 7/18 означен како „Титаник”, КОК 9/19 означен како „Талир”, КОК 57/17 означен како „Топлик”, КОК 52/17 означен како „Траекторија” и КОК 30/20 означен како „Шпански скали”, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор, информираат од Основен кривичен суд Скопје и додаваат дека мерката претпазливост е забрана за напуштање на територијата на државата и Град Скопје, односно обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа.

фото: МИА

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1