ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 2:37 PM

Франција во шок: Сопругата на Ерик Абидал платила да претепаат фудбалерка на ПСЖ оти мислела дека му е швалерка?!

На почетокот на ноември јавноста ја шокираше нападот кој се случи на улиците во Париз во кој неколку маскирани лица го пресретнале автомобилот во кој се наоаѓале фудбалерките на ПСЖ, Кеира Хамрауи и Амината Диало, а сега медиумите откриваат нови шокантни детали за тоа кој стои зад инцидентот.

Со возилото управала Диало на кое му пришле двајца мажи и и наредиле на Хамрауи да ја отвори вратата. Таа го сторила тоа по што ја извлекле од автомобилот, ја фрлиле на земја и почнале да ја маваат со метална шишка по нозење.

– Видов дека напаѓачот кој ме тепаше, главно удираше по моите нозе. Се обидов да се заштитам со рацете, но иако траеше неколку минути, ми се чинеше цела вечност. На крајот видов двајца напаѓачи како бегаат – истакна Хамрауи.

Таа била однесена во болница со бројни повреди и рани каде што се наоѓа се уште. Во меѓувреме полицијата утврдила дека Кеира претрпела тешки повреди додека напаѓачите не ја допреле Аминати.

Минатиот четврток Аминати е уапсена под сомнение дека била соучесничка и дека можеби била во дослух со напаѓачите. Таа сепка била пуштена затоа што истрагата отишла правец на бившиот француски репрезентативец и некогашен фудбалер и директор на Барселона, Ерик Абидал и неговата сопруга Хаје.

Францускиот „Ле Монд“ објави дека Абидал ја изневерил сопругата со Кеира Хамрауи во периодот додека двајцата играле за Барселона. Хаје дознала за тоа и во неколку наврати и се заканувала на Кеира, па полицијата сега се сомнева дека таа го наредила нападот.

Наводно напаѓачите, откако ја претепале Кеира и рекле : „Така ти е кога сакаш да спиеш со оженети мажи“. Ова таа им го признала на инспекторите кои веднаш го пронашле мотивот за нападот, сопругата на Абидал, Хаје доброволно се понудила да сведочи.

Извор: gol.dnevnik.hr

Фото: ntvspor.net/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1