ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 1:25 PM

Новороденче старо само пет дена пронајдено во канализација: Замотано во кошула, го спасиле мештаните

Девојче старо само пет дена, пронајдено е во канализационен отвор во Мумбаи. Бебето веднаш е пренесено во болница и успешно се опоравува. Лекарите од болницата во која е хоспитализирано новороденчето, за Би-Би-Си изјавиле дека е добро, но дека следните денови ќе ја следат состојбата.

Бебето го пронашле неколкумина граѓани, откако забележало дека група мачки се собираат околу канализациониот отвор и гласно мјаукаат. Во тек е истрага која би требало да утврди како бебето завршило таму.

Полицијата одби да даде детали, но напуштањето на женските деца во Индија е честа појава, со оглед на тоа дека родителите претпочитаат синови. Во оваа земја жените се често дискриминирани и на нив се гледа како товар, особено во руралните краеви и сиромашните заедници.

Ова девојче имало повеќе среќа и спасено е од полицијата со помош на жените кои живеат во приградската населба каде што е најдено. Бебето било замотано во тенка бела кошула натопена со отпадни води и цело време плачело. Полицајците го извлекле бебето, го замотале во чиста ткаенина и го однеле во болница.

„Кога ја извадивме беше ладна, рацете и’ беа модри. Побаравме од мештаните една крпа и малку топла вода за да ја исчистиме“, рекол еден од полицајците кој учествувал во спасувањето на бебето. Лекарите пак, велат дека е добро и дека засега е во добра состојба.

Информациите за случајот бргу се проширија на социјалните мрежи, па Твитер заеднцата бурно реагираше.

За потсетување, пред две години друго новороденче беше живо закопано во глинен сад во градот Бареила, на северниот дел од Индија. Неколку години претходно, бебе беше пронајдено без облека во пластична кеса. Во јуни годинава, возач на чамец доби благодарница откако спаси женско новороденче кое пловело во дрвена кутија по реката Ганг. Членовите на невладините организации кои се борат против селективните абортуси во Индија, велат дека желбата на родителите за машко наместо женско дете, низ текот на годините предизвикала повеќе од милион абортуси ширум Индија во последната деценија.

 

Извор:  telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1