ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 12:07 PM

„Раскинавме, но се уште се сакаме, повеќе од кога било“ – Раскинаа Шон Мендес и Камила Кабелјо

Пејачот Шон Мендес и пејачката Камила Кабелјо ставија крај на својата двегодишна врска, а веста ја потврдија во заедничко соопштение објавено на Инстаграм.

„Еј, решивме да ја прекинеме нашата романтична врска, но како луѓе сè уште се сакаме повеќе од кога било. Ја започнавме нашата врска како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме најдобри пријатели. Навистина ја цениме вашата поддршка од самиот почеток и продолжуваме напред, напишаа тие.
Двојката се запозна во 2014 година, а врската почна во јули 2019 година по снимањето на заеднички спот за песната  „Сењорита“ и беа неразделни.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1