ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/18/21 9:44 AM

„Му треба млада жена што ќе му роди деца“ – Семејството на градоначалникот на Бања Лука се против врската со пејачката

Госпава, бабата на Драшко Станивуковиќ, градоначалникот на Бања Лука,  демантира дека пејачката Тања Савиќ и нејзиниот внук се заедно.

-Не се во врска, а и јас не би сакала да бидат. Таа не е за него. Таа жена има деца, има се’. Мажена жена која има деца, што може да ми биде убава. Не е за него да се ожени со жена која има две деца. Дај Боже нејзините деца да бидат добро, но да се тргне од внук ми. Не ја познавам лично. Ја познавам од порано како пејачка. Драшко ми рече само синоќа: „Бабо, тоа е голема глупост, не се секирај, нема ништо од тоа. Мора да пишуваат“ – вели бабата.

– Има девојка, но нема да навлегувам во детали. А тоа нема врска со Тања Савиќ. Треба да најде некоја помлада, која ќе му роди деца. Неговиот возач ми вели дека има убава девојка, дека не може да биде поубава, но ја чува во тајност, открива баба Госпава.

 

Извор: www.blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1